Расте интересот за градење куќи

Bez autora
Feb 11 2013

Зголемен интерес од страна на граѓаните и на градежните компании за изградба на куќи и типски населби очекува Владата со измените на проектот Купи куќа, купи станн. Покрај зголемувањето на субвенционирањето од страна на Владата од 50 на 75 проценти во ратата за првите пет години, се овозможува по толку многу години да се реновираат или да се урнат бараките во коишто живеат голем дел од граѓаните во Скопје како што се Карпош, Тафталиџе, Влае и слично и на нивно место да се изгради куќа. Ова побудува голем интерес и во изминативе денови веќе имаме повици, мејлови и слично. Верувам дека на граѓаните ќе им излеземе во пресрет преку овој проект-кажа Ставрески по средбата со претставници ССК, на приватни инвеститори вклучени во проектот и на градоначалниците на општините Гази Баба, Илинден и Сопишта на која биле разгледани измените на проектот.

Расте интересот за градење куќиЗголемен интерес од страна на граѓаните и на градежните компании за изградба на куќи и типски населби очекува Владата со измените на проектот Купи куќа, купи станн.

Како што смета вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, покрај зголемувањето на субвенционирањето од страна на Владата од 50 на 75 проценти во ратата за првите пет години, се овозможува по толку многу години да се реновираат или да се урнат бараките во коишто живеат голем дел од граѓаните во Скопје како што се Карпош, Тафталиџе, Влае и слично и на нивно место да се изгради куќа.

- Ова побудува голем интерес и во изминативе денови веќе имаме повици, мејлови и слично. Верувам дека на граѓаните ќе им излеземе во пресрет преку овој проект-кажа Ставрески по средбата со претставници ССК, на приватни инвеститори вклучени во проектот и на градоначалниците на општините Гази Баба, Илинден и Сопишта на која биле разгледани измените на проектот.

Третата измена, пак, што е направена на барање на граѓаните - да не се враќаат средствата што се субвенционираат по 10-тата година ако граѓанинот предвреме реши да го врати кредитот, според Ставрески, исто така ќе го направи поатрактивен овој проект.Според него, за можноста за изградба на типски населби, покрај во скопските општини, станало збор и на средби со градоначалници во Прилеп, во Битола и во други општини каде што има урбанизирано парцели за изградба на 200 до 300 куќи, а чија што продажба верува дека ќе биде интензивирана со измените на владиниот проект Купи куќа, купи стан.

Според Златко Калеников, претседател на Сојузот на стопански комори, измените на проектот Купи куќа, купи станн се атрактивни и за граѓаните и за градежните компании, а особено интерес се очекува да предизвикаат кај микро, малите и средните претпријатија.

Од Градежната комора при ССК особено се заинтересирани за тоа како да се распишуваат тендерите за изградба на блокови од 20, 30 или 50 типски куќи кои би се дале на оглас каде ќе може мали и средни претпријатија да влезат во изградба на типски куќи. Според претставникот на таа Градежна комора, со изменетите услови за проектот ќе се намали и притисокот во однос на банкарската гаранција бидејќи Владата презема 75 проценти од ратата во првите пет години од исплатата на кредитот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik